0_Спорт.ПорталФудбал

Рашфорд: Треба да го повториме подвигот против ПСЖ

Рашфорд изјави дека тимот треба да земе пример од минатогодишниот натпревар со ПСЖ во ЛШ. Тогаш, Британците изгубија со 0-2 на домашен терен, но победија со 3-1 на „Парк де Пренс“.

Манчестер, 8 јануари 2019 (МИА) – Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд остана крајно горд на можноста да биде капитен на „црвените ѓаволи“, но беше разочаран од тешкиот пораз со 1:3 од Сити на „Олд Трафорд“ во првиот полуфинален судир за Лига купот.

Рашфорд изјави дека тимот треба да земе пример од минатогодишниот натпревар со ПСЖ во ЛШ. Тогаш, Британците изгубија со 0-2 на домашен терен, но победија со 3-1 на „Парк де Пренс“.

– Тоа е различна игра со различни играчи, но она што го направивме во Париз, треба да го повториме. Мора да одиме таму, да постигнеме голови и да победиме во мечот. Мислам дека сме способни да го сториме тоа. Но, прво, да се фокусираме на саботниот меч против Норвич и да го оставиме тој резултат во минатото, изјави „десетката“ на Јунајтед.

Ако игра против Норвич, Рашфорд ќе го запише својот натпревар бр 200.

– Ова ќе биде мојот натпревар број 200 и тоа ме прави исклучително горд да играм толку многу натпревари за клубот. Но, ако не ги земеме трите бода, ова достигнување нема да ми биде важно. Ние мора да го направиме тоа за да можеме да одиграме добар натпревар и да победиме, рече уште Рашфорд.

Таг
Back to top button
Close
Close