0_Спорт.ПорталФудбал

Рашфорд по триумфот над Лајпциг: Треба да го искористиме овој интензитет на следните натпревари

Напаѓачот на Манчестер jунајтед, Маркус Рашфорд е задоволен од синоќешната победа над Лајпциг во 2. коло од Лигата на шампионите.

Манчестер, 29 октомври 2020 (МИА) – Напаѓачот на Манчестер jунајтед, Маркус Рашфорд е задоволен од синоќешната победа над Лајпциг во 2. коло од Лигата на шампионите.

Премиерлигашот го победи бундеслигашот со убедливи 5:0.

– Тоа беше одличен перформанс. Ова е она кон што се стремиме. Треба да продолжиме вака и да го искористиме моментумот на следните натпревари. Манчестер јунајтед освои  шест бода откако играше со два многу добри тима. Ние сме во одлична позиција во групата и се надеваме дека ќе можеме да ја покажеме истата форма во Премиер лигата.

Беше важно да се дојде до првата домашна победа во сезоната. Ова место треба да биде тврдина, затоа победата беше од витално значење. Се надевам дека оваа сезона домашната победа ќе биде прва од многуте, истакна Рашфорд.

Тој на средбата со Лајпциг влезе како резерва и постигна три гола. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close