Дописници МКДОпштински вести

Расчистени одводните канали кај Кратовски Лисец

Општина Кратово изврши расчистување на одводните канали наносите на коловозот пред излетничкото место Лисец

Крива Паланка, 7 јули 2020 ( МИА) – Општина Кратово изврши расчистување на одводните канали наносите на коловозот пред излетничкото место Лисец.

– Години наназад се случува оштетување на асфалтната лента непосредно пред излетничкото место, поради нередовно одржување на одводните канали долж самиот пат. Планирана е санација на тој прилично оштетен сегмент од патот, но пред тоа мораше да се отстрани причината за оштетување т.е. да ги канализираме атмосферските води во тој реон, како и да се исчистат одводните бетонски пропусти кои беа затнати и буквално надвор од функција, изјави градоначалникот на општина Кратово, Љупчо Бојаџиев.

Најави дека во претстојниот период ќе се изврши асфалтирање на оштетената коловозна површина и крпење на ударните дупки долж целиот потег кон планината.

– Имаше и три одрони, свлечишта на истиот патен правец, настанати како последица од последните поројни дождови, кои исто така ќе ги санираме со цел непречена комуникација во два правци.За оваа активност ја употребуваме механизацијата што беше набавена за заедничко користење на трите партнерски соседни општини: Кратово, Ранковце и Крива Паланка, преку проектот финансиран преку грант од ЕУ за триесет рурални општини, во вредност од 45,7 милиони денари, а реализиран од Министерството за финансии, додаде Бојаџиев. ид/рп/

Back to top button
Close
Close