Дописници МКДОпштински вести

Расчистени десет кражби на територија на општина Штип

Двајца крадци од Штип на возраст од 19 и 28 години, Н.А и Т.М., се фатени додека извршувале тешка кражба на градежен објект на улицата „Борис Крајгер“.

Штип, 19 април 2021 (МИА) – Двајца крадци од Штип на возраст од 19 и 28 години, Н.А и Т.М., се фатени додека извршувале тешка кражба на градежен објект на улицата „Борис Крајгер“.

Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панјотова во крими-извештајот вели дека од страна на полициски службеници биле одземени украдените предмети и ќе бидат вратени на оштетеното лице. По целосно документирање на случајот, против двајцата крадци ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Панојотова информираше дека полицијата расчистила дополнително девет кражби на територија на општина Штип. Во овие случаи, кражбите во куќи, викендици помошни објекти, објекти во изградба и патничко моторно возило се направени од 18-годишниот Е.А и 39-годишниот К.Ј.

Тешките кражби ги извршиле во текот на 2020 и 2021 година. Полицијата пронашла дел од предметите и се вратени на сопствениците и против овие крадци ќе биде поднесена кривична пријава. вдј/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close