Дописници МКДОпштински вести

Расчистена дивата депонија во населбата Грамаѓе во Крива Паланка

Локалната самоуправа на Општина Крива Паланка во соработка со Јавното комунално претпријатие „Комуналец” со неколку последователни акции ја расчистија постојната дива депонија во населбата Грамаѓе во приградскиот реон.

Крива Паланка, 15 јануари 2020 (МИА) – Локалната самоуправа на Општина Крива Паланка во соработка со Јавното комунално претпријатие „Комуналец” со неколку последователни акции ја расчистија постојната дива депонија во населбата Грамаѓе во приградскиот реон.
-Во изминатите неколку дена општинските служби во координација со ЈП „Комуналец” со заеднички ангажман на вработените спроведоа активности за расчистување на огромната депонија со градежен отпад, земјен материјал и делумно комунален отпад  на локалитетот Пелагониска база во населба Грамаѓе. Локацијата е комплетно расчистена, а ги известуваме граѓаните и правните лица дека е забрането понатамошно депонирање и одлагање на каков било материјал на истата локација.Од страна на надлежните служби  поставена е и табла за забрането депонирање отпад, посочуваат од службата за комуникација со јавност при Општина Крива Паланка.
Оттаму потенцираат дека комуналните редари ќе вршат контрола на локалитетот и за секој што ќе ги прекрши одредбите, ќе бидат спроведени санкции согласно законските одредби и прописи. ид/дма/

Back to top button
Close
Close