Општински вестиСкопје

Расчистена депонијата под Кале, сопствениците задолжени да ја оградат и чистат парцелата

Екипите на Град Скопје деновиве целосно го расчистија просторот под скопското Кале кој до пред само неколку недели беше претворен во дива населба и дива депонија и претставуваше извор на аерозагадување, поради огновите што се палеа на отворено, соопшти Град Скопје.

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Екипите на Град Скопје деновиве целосно го расчистија просторот под скопското Кале кој до пред само неколку недели беше претворен во дива населба и дива депонија и претставуваше извор на аерозагадување, поради огновите што се палеа на отворено, соопшти Град Скопје.

Бидејќи локацијата е приватна сопственост, Градот ги задолжил сопствениците да си го оградат местото и ги предупредил дека во иднина тие се одговорни да ја одржуваат хигиената на парцелата.

Градот Скопје најавува засилени контроли и ригорозни казни за оние што ќе дозволат на своите парцели да се трупа ѓубре и да се создаваат диви депонии кои ја загадуваат и нагрдуваат животната средина и го загрозуваат здравјето на граѓаните. мс/са/

Back to top button
Close
Close