0_Магазин.ПорталСцена

Раперката Кеша ги почести следачите со провокативно видео

„Ми беше здодевно, па направив песна за вас ’животни‘ низаедни. И мало видео насловено ’Дома сам(а)‘,“ вели пејачката во описот на песната.

Лос Анџелес, 7 мај 2020 (МИА) – Американската пејачка и раперка Кеша ги почести своите обожаватели на Инстаграм и Фејсбук со видео од себеси во долна облека и широка тексас-кошула.

„Ми беше здодевно, па направив песна за вас ’животни‘ низаедни. И мало видео насловено ’Дома сам(а)‘,“ вели пејачката во описот на песната.

Како и цел свет, така и Кеша е во самиоизолција, па периодов поголемиот дел од времето го минува дома, но сама. Затоа, во скоро секое видео за следачите, тaa вметнува исечоци од надалеку познатиот филм „Дома сам“.  си/

‪I’ve been bored at home so I made a song for u animals!!! And a little video 💃🏻It’s called HOME ALONE… dedicated to all of you sexy people hanging at home…..alone. and also dedicated to the one and only Macaulay Culkin 💗💗👻👻!!‬

Posted by Kesha on Четврток, 16 април 2020

Таг
Back to top button
Close
Close