0_Спорт.ПорталФудбал

Рамос промаши два пенала во ремито на Шпанија со Швајцарија

Капитенот на Шпанија, Серхио Рамос промаши два пенала синоќа во Базел на мечот од Лигата на нации со Швајцарија (1:1).

Базел, 15 ноември 2020 (МИА) – Капитенот на Шпанија, Серхио Рамос промаши два пенала синоќа во Базел на мечот од Лигата на нации со Швајцарија (1:1).

Фудбалерот на Реал изведе удари од 11 метри во 57. и 80. минута. И во двата наврата неговите удари ги одби швајцарскиот голман Јан Сомер.

Ремо Фрејлер погоди за домаќините, додека Родриго Морено за гостите.

Шпанија со осум бода е втора во четвртата група. Швајцарија има три бода и е на последно место. зс

Таг
Back to top button
Close
Close