0_Спорт.ПорталФудбал

Рамос: На луѓето им треба фудбал за да им се одвлече вниманието

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, смета дека во скоро време треба да продолжи сезоната.

Мадрид, 11 мај 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, смета дека во скоро време треба да продолжи сезоната.

– Потребно е време да се започне со движењето, на земјата ѝ треба фудбалот како економска поддршка, а на луѓето за одвраќање од секојдневието. Ние мора да бидеме дисциплинирани за да можеме да го уништиме овој вирус. Сакам да ги поддржувам сите што изгубиле некој близок, ќе се справиме со ова и мора да се обединиме, изјави Рамос.

Капитенот на Реал ја посочува Германија како пример што мора да го следиме.

– Ние сакаме да бидеме со семејствата, но мора да бидеме флексибилни. Јас би сакал да играм на „Бернабеу“. Што се однесува до борбата за титулата, распоредот на двата тима го познавам многу добро. Малку е смело да се прават предвидувања кога навивачите нема да бидат на стадионите. Нашата цел е да бидеме шампиони, додаде Рамос.

Рестартирањето на Шпанскиот фудбалски шампионат може да се случи кон средината на јуни. зс/

 

Таг
Back to top button
Close
Close