0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Рамос на 30 јуни ќе го напушти Реал

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, најверојатно ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, јави дописникот на телевизијата „Ел Чирингито“, Хосеп Педрерол.

Мадрид, 29 јануари 2021 (МИА) – Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, најверојатно ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, јави дописникот на телевизијата „Ел Чирингито“, Хосеп Педрерол.

Реал Мадрид веќе му понуди на Рамос да го продолжи договорот. Флорентино Перез во хотелската соба лично му кажа што може да му понуди. Перез побара од играчот да му ја скрати платата за 10 проценти. Некои играчи веќе прифатила такво нешто, но тоа не е случај со Серхио Рамос.

Втората понуда била да не се намалува платата, но договорот да биде со важност само на една година.

– Претседателе, имам намера да слушнам други предлози, бил одговорот на Рамос до Перез.

Ставот на Реал е дека Рамос не треба да чека да го повика Флорентино. Доколку Рамос сака да остане, мора да се јави и да ја прифати понудата на клубот. Помина скоро еден месец, но такво нешто не се случи. Реал Мадрид претпоставува дека Рамос ќе замине на 30 јуни, соопшти Педрерол.

Актуелниот договор на Рамос со Реал Мадрид важи до 30 јуни 2021 година, по што играчот ќе стане слободен агент. Тој игра за клубот од 2005 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close