0_Спорт.ПорталФудбал

Рамос може да го пропушти остатокот од сезоната поради повреда

Дефанзивецот и капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос може да ги пропушти преостанатите натпревари од шпанското првенство, пренесува „As“.

Мадрид, 9 мај 2021 (МИА) – Дефанзивецот и капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос може да ги пропушти преостанатите натпревари од шпанското првенство, пренесува „As“.

Според шпанскиот весник, Рамос може да не влезе на теренот на последните натпревари на Реал Мадрид во Ла Лига, за да не ја влоши повредата. Повредата може да влијае на неговиот ефект на Европското првенство во фудбал.

На 8 мај, официјалната веб-страница на Реал Мадрид објави дека 35-годишниот дефанзивец се здобил со повреда на мускул на левата нога.

Оваа сезона, Рамос одигра 15 натпревари во шпанското првенство и постигна два гола. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close