0_Спорт.ПорталФудбал

Рамос го напушта Реал, ако Мурињо се врати на „Бернабеу“

Нервоза кај дефанзивецот разбуди најавата дека Мурињо може да се врати на „Сантијаго Бербабе“, што во моментов не изгледа толку сигурно, но не треба да се отфрли како невозможно.

Мадрид, 25 декември 2018 (МИА) – Серхио Рамос е апсолутен авторитет во соблекувалната и неговиот збор во Реал Мадрид има посебна тежина, што не е изненадувачки со оглед на тоа дека тој е капитен и е во клубот повеќе од една деценија. Но шпанскиот репрезентативец се закани со заминување од Мадрид и тоа ако лидерите на клубот го вратат тренерот, со кого не е во најдобри односи, пишуваат во Шпанија.

Се разбира, се работи за Жозе Мурињо, со кој Шпанецот имаше доста недоразбирања во минатото. Кога атмосферата во соблекувалната за време на неговиот претходен мандат беше многу лоша, тогаш тој беше во војна со Касиљас, но и со Серхио Рамос.

Нервоза кај дефанзивецот разбуди најавата дека Мурињо може да се врати на „Сантијаго Бербабе“, што во моментов не изгледа толку сигурно, но не треба да се отфрли како невозможно.

Едноставно, првиот човек на Реал, Флорентино Перез го обожава португалскиот експерт, кој во претходниот мандат ја освои Ла Лига со „белите“ и со задоволство би го вратил назад на клупата.

Ако има нова соработка помеѓу Реал и Мурињо сепак, тоа би значело дека од клубот би можело да си замине Серхио Рамос, што беше најавено од страна на шпанските медиуми како опција. Дали навистина ќе дојде до тоа, останува да се види.вз

Таг
Back to top button
Close
Close