0_Спорт.ПорталФудбал

Рамос денеска ќе постави рекорд

Централниот дефанзивец ќе го запише натпреварот број 43, заменувајќи ги Чави Ернандез, Мануел Санчис и Пако Хенто. Пред само неколку месеци, дефанзивецот го собори рекордот на Икер Касиљас за натпревари со дресот на репрезентацијата на Шпанија.

Барселона, 18 декември 2019 (МИА) – Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос ќе стане играчот со најмногу учества во „Ел Класико“, кога вечерва ќеизлезе на теренот против Барселона, покажува статистиката.

Централниот дефанзивец ќе го запише натпреварот број 43, заменувајќи ги Чави Ернандез, Мануел Санчис и Пако Хенто. Пред само неколку месеци, дефанзивецот го собори рекордот на Икер Касиљас за натпревари со дресот на репрезентацијата на Шпанија.

Првото „Класико“ за Рамос датира од ноември 2005 година – кога „Сантијаго Бернабеу“ му аплаудираше на Роналдињо за неговиот магичен настап.

Во статистиката на Серхио има 13 победи и 20 порази во големата битка во Шпанија.

Дефанзивецот забележал четири гола во „Ел Класико“, 18 жолти и пет црвени картони.

Лионел Меси има едно помалку – 41, освојувајќи 19 и губејќи 12 од нив.

Таг
Back to top button
Close
Close