Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Рама во Истанбул на донаторска конференција за санирање на последиците од катастрофалниот земјотрес

Албанскиот премиер Еди Рама,престојува во Република Турција,каде по средбата со претседателот Реџеп Таип Ердоган, заедно учествуват на донаторска конфренција, што се одржува во Истанбул, за помош по катастрофалниот земјотрес во Албанија.

Тирана,8 декември 2019 (МИА) – Албанскиот премиер Еди Рама,престојува во Република Турција,каде по средбата со претседателот Реџеп Таип Ердоган, заедно учествуват на донаторска конфренција, што се одржува во Истанбул, за помош по катастрофалниот земјотрес во Албанија.

Во своето обраќање, Рама го истакнал трагичниот биланс од земјотресот што неговата земја ја погоди утрото на 26 ноември, заблагодарувајќи се на Турција и турскиот народ за покажаната солидарност.

Нагласувајќи го фактот дека сите се солидаризирале со Албанија во овие драматични моменти, шефот на албанската влада изјавил дека целата оваа солидарност е далеку од тоа да биде доволна за надминување на последците.

„Сите се солидаризираа со оние што се погодени од земјотресот. Целата оваа солидарност е далеку од доволна за потребите на земјата за надминување на трагедијата. Турција ја покажа својата солдарност, потврдувајќи дека не го напушти својот стар пријател и брат по уништувањето што беше скоро апокалиптично. Претседателот Ердоган вети дека веднаш ќе изгради 500 станови во Албанија, а јас дојдов тука да ги повикам сите да се вклучат во ова болно патување,изјавил Рама,пренесува агецијата Балкан веб.

Посочил дека разурнувачкиот земјотрес, не може да се спореди со ни еден друг предизвик во модерната албанска историја, дека ги погоди двата најважни града, Тирана и Драч и оти прекрасната џамија во Драч е опкружена со урнатини.

-Нашите проценки се шокантни и повеќето од уништените згради се слабо изградени од времето на комунизмот, или кога немаше детални урбанстички планови. Сепак, како да е повеќето од нив се повеќекатници во кои живееја десетици семејства, рекол Рама.

Со вашата помош, нагласил Рама, ќе можеме „за Драч да го направиме она што Туција го направи за Измир по катастрофалниот земјотресот во 1999 година“. вт/

Back to top button
Close
Close