Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Рама: Соработката со Косово приоритет над проритетите

Соработката со Косово е наш приоритет над приоритетите. Од суштинско значење е да бидеме јасни на секој чекор, да ја отстраниме границата меѓу двете држави.

Тирана,11 февруари 2020 (МИА) – Соработката со Косово е наш приоритет над приоритетите. Од суштинско значење е да бидеме јасни на секој чекор, да ја отстраниме границата меѓу двете држави.

Ова го изјави албанскиот премиер Еди Рама на заедничката прес конференција со неговиот косовски колега Албин Курти,кој денеска престојува во Тирана.

-Соработката со Косово е приоритет над приоритетите. Според мене не го реализиравме целосното движење на луѓето, ние не ја исполнивме нашата должност кон нашиот народ. Од суштинско значење е да бидеме јасни на секој чекор, да ја отстраниме границата меѓу двете држави. На крајот, сакам да истакнам дека сме 100 проценти во поддршка на Косово во битката за целосно признавање како суверена и демократска држава, рече Рама.

Најави отворена и интензивна комуникација за тоа „каде сме и каде сакаме да ги водиме нашите односи во однос на соработката во сите области“.

-Се договоривме да ги започнеме подготовките за заедничката седница на двете влади што ќе се одржи во Скадар, затоа што последната беше во Пеќ, а таму се договоривме за Скадар. Но, вакумот меѓу двете седници нè принудува да одржиме што е можно попродуктивна седница, ќе формираме меѓудржавна комисија за да го следи текот на потпишаните договори, да ја следи проблематката и достигнувања,рече Рама.

Курти рече дека сака силна соработка меѓу Косово и Албанија во оваа декада.

-Мило ми е што сум тука. Јас на почетокот бев во Митровица и секако Албанија требаше да биде прва држава. Сакам да имам силна соработка меѓу Косово и Албанија во оваа декада, тоа е приоритет. Се договоривме за меѓудржавна комисија, со министри и пратеници, тие 77 договори да бидат имплементирани, но и да се зголеми нивниот број. И благодарам на Албанија што му помогна на Косово во 21 век брзо и силно да се движиме заедно, рече Курти.

Додаде дека разговарале за прашања од економски аспект, безбедност, надворешна политика. вт/сд/

Back to top button
Close
Close