Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Рама: Остваривме видеоврска на премиерите од Балканот со Курц и Вархеји

Премиерите на Западен Балкан остварија дигитална конференција со австрискиот канцелар Себастијан Курц и со комесарот за проширување Оливер Вархеји.

Тирана,17 март 2020 (МИА) – Премиерите на Западен Балкан остварија дигитална конференција со австрискиот канцелар Себастијан Курц и со комесарот за проширување Оливер Вархеји.

Во објавата на Фејсбук, премиерот Еди Рама пишува дека Албанија дејствувала брзо во преземањето мерки за заштита и дека „продолжува војната“ и оти се разгледува планот како да се реагира на економски план.

Меѓу другото целта на оваа видеоврска е да се гарантира пристапот на земјите од регионот до европскиот пазар за медицински увоз за време на борбата против вирусот.

„Разговаравме и за состанокот на Совет на Европа што ќе се одржи следната недела и ќе се разговара за одлуката за отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија“, наведува Рама. вт/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close