БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Рама најавува поостри казни за оние кои не ги почитуваат мерките

Во објава на Фејсбук, Рама пишува дека повеќето од граѓаните се коректни и најавува можни нови поостри казнени мерки за оние кои не ги почитуваат мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

 

Тирана,6 апрл 2020(МИА) – Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика граѓаните да не излегуваат во текот на денот во урбаните центри без дозвола.

Во објава на Фејсбук, Рама пишува дека повеќето од граѓаните се коректни и најавува можни нови поостри казнени мерки за оние кои не ги почитуваат мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

„Ги замолувам сите граѓани кои се движат во текот на денот во урбаните центри да не го прават тоа без овластување! Огромното мнозинство е супер коректно и така треба да се однесуваат сите! Новите казнени мерки, кои треба да гарантираат последователни иницијативи за ублажување, ќе бидат многу силни, но се надевам дека нема да страда ниту еден, затоа барам од сите да бидат коректни,напиша Рама.

Додава дека Владата прави се за „оваа појава сите ја за паметат како чудо,но ако знаат да се спротивстават до крај“.

Според последнте податоци кои министертвото ги објавува еднашдневно вкупната број на заразени е 377 лица, најголем број од нив се во Тирана или 177 лица,излекувани се 116 а починале 22 лица. вт/

Back to top button
Close
Close