0_Магазин.ПорталЗанимливости

Ралф Лорен подарува 1,5 милиони производи за „хероите од првите борбени линии“

Ралф Лорен, еден од најпознатите светски дизајнери, откако донираше десет милиони долари за борба против пандемијата на Ковид-19, одлучи на хероите од првите линии да им подари 1,5 милиони парчиња од своите производи.

Њујорк, 22 мај 2020 (МИА) – Ралф Лорен, еден од најпознатите светски дизајнери, откако донираше десет милиони долари за борба против пандемијата на Ковид-19, одлучи на хероите од првите борбени линии да им подари 1,5 милиони парчиња од своите производи.

Меѓу подароците ќе бидат свечени фустани, костуми, дуксери, тренерки, маици, џемпери, фармерки.

Производите ќе бидат донирани преку хуманитарна мрежа и преку партнерската компанија на Ралф Лорен, што меѓу другото, е насочена кон поддршка на одделите за онкологија, откако на познатиот дизајнер му е излекуван тумор на мозокот. ки/гт/

Back to top button
Close
Close