0_Спорт.ПорталФудбал

Раководството на Ливерпул му изрази поддршка на Клоп за ставот да игра со младинци против Шрусбери

Управата на Ливерпул се согласува со тренерот Јирген Клоп, во врска со повторениот натпревар во ФА Купот со Шрусбери.

Ливерпул, 28 јануари 2020 (МИА) – Управата на Ливерпул се согласува со тренерот Јирген Клоп, во врска со повторениот натпревар во ФА Купот со Шрусбери.

– Клубот ја поддржува позицијата на Клоп во однос на учеството на младинскиот тим во натпреварот за време на зимската пауза, воведена од Премиер лигата, е ставот на раководството на Ливерпул.

За потсетување, во првиот натпревар Ливерпул одигра 2:2 со Шрусбери. Новиот меѓусебен дуел е закажан за 4 февруари. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close