0_Спорт.ПорталРакометРезултатиСпорт.Слајдер

Ракометарките на Куманово го освоија купот

ЖРК Куманово е тимот кој го освои трофејот во Купот на Македонија, откако попладнево во финалето одиграно во салата „Автокоманда“ го совладаа ЖРК Вардар со 26:18.

Скопје, 15 мај 2021 (МИА) – ЖРК Куманово е тимот кој го освои трофејот во Купот на Македонија, откако попладнево во финалето одиграно во салата „Автокоманда“ го совладаа ЖРК Вардар со 26:18.

За кумановки ова е втор куп-трофеј по оној освоен во 2019 година.

Куманово беше подобриот тим во текот на целиот натпревар и предводени од Ангела Јанкуловска со седум погодоци на крајот заслужено се радуваше.

Вардар остана на шест трофеи по своето десетто финале.

Денес од 17:30 часот ќе се игра и финалето од машкиот куп. Во него ќе играат Вардар и Еурофарм Пелистер. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close