0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Ракитиќ ја заврши кариерата во репрезентацијата на Хрватска

Играчот за врска ја напушти Барселона ова лето по шест години на „Камп Ноу“ и се пресели во Севиља.

Севиља, 21 септември 2020 (МИА) – Играчот за врска Иван Ракитиќ ја заврши кариерата во хрватската фудбалска репрезентација. Ракитиќ (32) беше клучна фигура во финалето на СП 2018 во Русија. Тој запиша вкупно 106 натпревари со 15 погодоци со репрезентацијата.

– Да се ​​збогувам со репрезентацијата на Хрватска е најтешката одлука во мојата кариера, но чувствувам дека дојде време да се збогувам. Уживав на секој натпревар што го играв за мојата земја, а незаборавните моменти на Светското првенство засекогаш ќе останат меѓу моите омилени. Верувам дека сè уште имаме одличен тим на кој му претстои светла иднина. На моите пријатели и соиграчи им посакувам многу среќа за идните предизвици, а во моето лице ќе го имаат својот најголем фан, прокоментира Ракитиќ.

Играчот за врска ја напушти Барселона ова лето по шест години на „Камп Ноу“ и се пресели во Севиља.

Таг
Back to top button
Close
Close