Svet.SlajderСветСвет.Портал

Раиси: Иран планира да го тужи Трамп за убиството на Сулејмани

Иран планира да го тужи американскјиот претседател Доналд Трамп за убиството на командантот на специјалните единици Кудс на Иранската револуционерна гарда, генералот Касем Сулејмани, соопшти денеска претседателот на иранскиот Врховен суд Ебрахим Раиси

Техеран, 13 јануари 2020 (МИА) – Иран планира да го тужи американскјиот претседател Доналд Трамп за убиството на командантот на специјалните единици Кудс на Иранската револуционерна гарда, генералот Касем Сулејмани, соопшти денеска претседателот на иранскиот Врховен суд Ебрахим Раиси.

Раиси кажа дека одговорните за ова кривично дело ќе бидат процесуирани, пренесе Тасс, повикувајќи се на агенцијата Фарс.

-Мораме да го именуваме американскиот претседател како главен обвинет, рече Раиси, додавајќи дека Трамп мора да биде осуден на меѓународно ниво.

Тензиите на Блискиот Итсок ескалираа по воздушниот напад со американски дронови во близина на аеродромот во Багдад, на 3 јануари, кога беше убиен Сулејмани. Во знак на одмазда Иран со ракети гаѓаше две американски бази во Ирак. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close