0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Раиконен: Не ми значи многу рекордот по извозени трки во Формула 1

Пилотот на Ферари, Кими Раиконен многу веројатно оваа година ќе стане рекордер по број на трки во Формула 1.

Лондон, 23 јануари 2020 (МИА) – Пилотот на Ферари, Кими Раиконен многу веројатно  оваа година ќе стане рекордер по број на трки во Формула 1.

Сепак, за Финецот ова не е некое значајно достигнување.

– Рекордот по бројот на Гран-при во мојата кариера нема да ми даде ништо. Тоа не ме инспирира премногу. Но, драго ми е што имам можност да поминам уште една сезона. Ја научивме лекцијата од лани и сфативме што точно тргна наопаку. Се надеваме на подобри резултати оваа сезона, изјави Раиконен.

Тој има 313 Гран-при во кариерата, а рекордот во Формула 1 му припаѓа на Рубенс Баричело. Бразилецот во текот на својата кариера настапи на 322 трки. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close