0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Раиконен: Чудно е да се вратиме на трки во сегашните услови, но зад воланот ќе заборавиме на сè

Пилотот на Алфа Ромео, Кими Раиконен го сподели своето мислење за почетокот на сезоната 2020 во Формула 1.

Лондон, 2 јули 2020 (МИА) – Пилотот на Алфа Ромео, Кими Раиконен го сподели своето мислење за почетокот на сезоната 2020 во Формула 1.

-Малку е чудно да се вратиме на трки под вакви услови, но јас сум сигурен дека штом ќе се бидеме зад воланот, веднаш ќе заборавиме на сите ограничувања и ќе размислиме како подобро да управуваме со нашата работа. Паузата ни даде можност да поминеме време со семејството, но сега е време да се фокусираме на работата, изјави Раиконен.

Сезоната 2020 од шампионатот во Формула 1 започнува со австриското Гран-при, што ќе се одржи од 3 до 5 јули. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close