СпортФудбал

Рафаел Варан: Ќе дадам сѐ од себе да оставам сѐ на терен

Набргу откако беше претставен како играч на Манчестер Јунајтед пред верните навивачи на „Олд Трафорд“, Рафаел Варан, во интервју за клубот кажа дека е многу среќен и возбуден што го започнува ова ново патување.

Манчестер, 16 август 2021 (МИА) – Набргу откако беше претставен како играч на Манчестер Јунајтед пред верните навивачи на „Олд Трафорд“, Рафаел Варан, во интервју за клубот кажа дека е многу среќен и возбуден што го започнува ова ново патување.

Трансферот на францускиот стопер беше договорен минатиот месец, а Французинот во новиот клуб ќе го носи дресот со број 19.

– Авантурата со мојот стар клуб беше многу добра, но, сега ова е нов почеток за мене и многу сум среќен што сум овде, изјави Варан.

Дополни дека смета дека е најважно тоа што е нов предизвик и голема мотивација да се започне во нова лига во голем клуб како Манчестер Јунајтед.

– Оваа можност беше неверојатна за мене, па ја избрав оваа промена за мене и моето семејство. Дојдоа со мене. Се чувствува кога е добар момент за некои работи, и ова беше токму таков, вистински момент, сподели Французинот.

Покрај Варан, Јунајтед ова лето се засили со Џејдон Санчо и голманот Том Хитон. ар/вј/

Таг
Back to top button
Close
Close