Дописници МКДОпштински вести

Радовиш ќе го чествува заштитникот на градот

Со вечерна богослужба во храмот „Света Троица“ и Молебен пред Параклисот, вечер во Радовиш почнува чествувањето на патронот и заштитникот на градот-Свети Спасо Радовишки.

Струмица, 20 август 2020 (МИА) – Со вечерна богослужба во храмот „Света Троица“ и Молебен пред Параклисот, вечер во Радовиш почнува чествувањето на патронот и заштитникот на градот-Свети Спасо Радовишки.

Одбележувањето е под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Радовиш, а во организација на Македонската православна црква, Брегалничка епархија- Храм Света Троица.

Чествувањето продолжува утре со Света литургија и славски колач.

Од Организациониот одбор информираат дека согласно протоколите и препораките оваа година црковниот дел од чествувањето ќе биде организиран со помал број активности и со преземање на сите неопходни мерки за заштита на граѓаните, носење заштитни маски и одржување на дистанца. рт/рп/

Back to top button
Close
Close