ЕвропаЕвропа.Портал

Работници во Бриџстоун штрајкуваат поради затворање на фабрика

Работниците во фабриката за гуми „Бриџстоун“ во северна Франција денеска протестираа против одлуката на компанијата да ја затвори фабриката и да ги отпушти своите речиси 900 работници, обвинувајќи го раководството дека ја користи економската криза предизвикана од коронавирусот како изговор.

Париз, 17 септември 2020 (МИА) – Работниците во фабриката за гуми „Бриџстоун“ во северна Франција денеска протестираа против одлуката на компанијата да ја затвори фабриката и да ги отпушти своите речиси 900 работници, обвинувајќи го раководството дека ја користи економската криза предизвикана од коронавирусот како изговор.

Јапонскиот „Бриџстоун“ тврди дека фабриката во градот Бетун уште пред пандемијата едвај работела и оти во Европа тоа е нејзина „најмалку успешна“ компанија.

И синдикатите и француската Влада го осудија затворањето, велејќи дека наместо тоа, компанијата требаше да инвестира во модернизација на фабриката. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close