0_Спорт.ПорталКошаркаРезултати

Работнички убедлив против ФМП, Кожув поуспешен од Гостивар

Три натпревари од 14.коло на Првата македонска кошаркарска лига се одиграа вечерва по кои четири екипи на врвот имаат по 24 бода. Работнички очекувано го совлада ФМП со 88:60. На овој дуел навивачите во „Градски парк“ му оддадоа последен поздрав на трагично загинатиот Благоја Георгиевски – Буштур кој е легенда на Работнички.

Скопје, 1 февруари 2020 (МИА) – Три натпревари од 14.коло на Првата македонска кошаркарска лига се одиграа вечерва по кои четири екипи на врвот имаат по 24 бода. Работнички очекувано го совлада ФМП со 88:60. На овој дуел навивачите во „Градски парк“ му оддадоа последен поздрав на трагично загинатиот Благоја Георгиевски – Буштур кој е легенда на Работнички.

Убедлив триумф забележа и Еуро Никел над МЗТ Скопје Уни Банка со 80:65.

Најнеизвесно беше на средбата Кожув – Гостивар која ја добија гевгеличани со 87:82.

Утре играат: МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер и Вардар – Куманово.

Табела пред комплетирање на 14.коло: Кожув, Работнички, Гостивар, Еуро Никел по 24 бода, МЗТ Скопје Аеродром 23, Куманово 20, Пелистер 19, Академија ФМП 17, Вардар 15, МЗТ Скопје Уни Банка 14. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close