Дописници МКДОпштински вести

Работна средба на Локалниот економско-социјален совет на Куманово

Претставници на Локалниот економско-социјален совет на Куманово, денеска одржаа средба на која беа презентирани неговите досегашни активности за време на пандемијата, информираа денеска надлежните од Локалниот економско-социјален совет.

Куманово, 6 мај 2021 (МИА)Претставници на Локалниот економско-социјален совет на Куманово, денеска одржаа средба на која беа презентирани неговите досегашни активности за време на пандемијата, информираа денеска надлежните од Локалниот економско-социјален совет.

На работната средба, како што соопшти претставникот од Одделението за локален економски развој, Ахмет Јашаровски биле разгледани и областите за делување во стратегијата на Локалниот економско-социјален совет, како и дијагностика на пазарот на трудот во Општина Куманово.

– Стратегијата ќе има важност пет години. Од наредната недела ќе почнат средби со определени категории стручни лица кои ќе треба да помогнат да се изработи стратегијата која треба да придонесе за подобар економски развој на подрачјето на Општината. Првично имаме определено неколку точки на делување, меѓу кои вработување, социјала, рурален развој, но сето ова прецизно ќе се утврди откако ќе се одржат средбит, изјави Јашаровски.

Предвидено е да се направи и анализа на пазарот на трудот која ќе ги опфати постоечките податоци за невработените лица, побарувачката на пазарот на труд.

На работната средба присуствуваше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, претставници од надлежни институции, Центар за вработување, Центар за социјални работи, синдикати, претставници од општина Куманово, граѓански организации.

Општина Куманово во 2019-та по неколкугодишна пауза го формираше локалниот економско-социјалниот совет на иницијатива на синдикатите, бизнис заедницата и на општината. ам/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close