БалканБалкан.Портал

Работилница за покривање теми за насилниот екстремизам во медиумите од Западен Балкан

Во црногорскиот град Будва денеска се одржува Регионална работилница за медиумско покривање на теми поврзани со тероризмот и насилниот екстремизам.

Будва, 25 октомври 2018 (МИА) – Во црногорскиот град Будва денеска се одржува Регионална работилница за медиумско покривање на теми поврзани со тероризмот и насилниот екстремизам.

Организатор е работилницата е Советот за регионална соработка (РЦЦ) со поддршка на Инструментот за пристапна помош (ЕПА) на Европската унија.

Главна цел на работилницата е разгледување на улогата на медиумите во борбата против тероризмот, феноменот на социјалните медиуми и онлајн радикализацијата, со посебен акцент на значењето на новинарите во институционалниот одговор на овие предизвици.

Воведничари на работилницата ќе бидат државниот секретар во црногорското Министерство за внатрешни работи, Драган Пејановиќ, раководителот на Политичкиот оддел на РЦЦ, Амер Капетановиќ, советникот во Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, Филип де Сенинк и советничката во Интегрираното управување со внатрешната безбедност, Јелка Клеменц.

За резултатите од ефикасното известување за екстремизмот и насилниот екстремизам и напорите за покривање на овие феномени, со посебен акцент на клучната улога на медиумите во пренесувањето на кредибилни информации, ќе говорат координаторот за проекти при Мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Белград, Валери Пери и уредникот на БИРН, Денис Џидиќ.

Независниот аналитичар при Универзитетот во Даблин, Шила Брејди и советникот за безбедносна политика на РЦЦ, Зоран Попов ќе се осврнат на опасностите од злоупотребите на социјалните медиуми од страна на терористите, со што овие платформи станаа нивно главно средство за регрутирање, обука и оперативна соработка и комуникација.

За улогата на колективниот општествен пристап во ефикасното спротивставување на радикализацијата и насилниот екстремизам ќе говорат експертот за дерадикализација Сергеј Ердеља и советникот во Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, Филип де Сенинк. сп/

Таг
Back to top button
Close
Close