0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Рајола: Да отидеше Холанд во Јувентус, ќе го испратеа во резервниот тим

После брилијантниот старт во Германија, повторно започнаа гласините за иднината на Холанд, а сите европски великани и понатаму го следат секој негов настап.

Дортмунд, 18 мај 2020 (МИА) – Мино Рајола објасни зошто Ерлинг Холанд не се пресели во Јувентус. Италијанците беа еден од кандидатите за потписот на 19-годишниот напаѓач. Сепак, тој ја одбра Борусија (Дортмунд) и оттогаш постигна 13 гола на 12 одиграни натпревари во Бундеслигата.

– Зошто Холанд не се пресели во Јувентус? Тие ќе го ставеа во младинската екипа, изјави агентот на Норвежанецот за „Ла Република“.

После брилијантниот старт во Германија, повторно започнаа гласините за иднината на Холанд, а сите европски великани и понатаму го следат секој негов настап.

Таг
Back to top button
Close
Close