БизнисБизнис.ПорталЕвропа

„Рајанер“ го заврши првиот квартал со загуба од 273 милиони евра

Најголемата европска нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ денеска соопшти дека го завршила првиот квартал оваа година со загуба од 273 милиони евра, бидејќи коронавирусот продолжува да го уништува нивниот бизнис.

Даблин, 26 јули 2021 (МИА) – Најголемата европска нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ денеска соопшти дека го завршила првиот квартал оваа година со загуба од 273 милиони евра, бидејќи коронавирусот продолжува да го уништува нивниот бизнис.

Ирската компанија превезе 8,1 милион патници во првиот квартал во споредба со 500.000 во истиот период минатата година, но резултатите се попоразителни отколку во првиот квартал од 2020 година, кој компанијата го заврши со загуба од 185 милиони евра.

– Врз основа на тековните резервации, очекуваме прометот да се зголеми од над пет милиони во јуни на речиси девет милиони во јули и над 10 милиони во август, се додека не се појават понатамошни пречки поврзани со Ковид-19 во Европа, соопшти компанијата.

Најмалку 10 милиони патници се очекуваат во август и септември, што е околу 70 проценти од нивото на пред пандемијата, истакна главниот финансиски директор Нил Сорахан.

Компанијата додаде дека коронавирусот продолжи да го уништува нејзиниот бизнис во текот на првиот квартал во кој беа откажани повеќето велигденски летови, а побавното олеснување на ограничувањата за патување од страна на европските влади во мај и јуни не помогна.

Ирската авиокомпанија соопшти дека очекува да превезе меѓу 90 и 100 милиони патници во својата финансиска година до крајот на март 2022 година, со што ја зголеми претходната прогноза од 80 до 100 милиони патници. гт/

Back to top button
Close
Close