Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Рјабков: Русија не се плаши од санкции на САД

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека Москва не се плаши од можни санкции на САД поради договорот за вооружување со Иран.

Москва, 21 септември 2020 (МИА)Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека Москва не се плаши од можни санкции на САД поради договорот за вооружување со Иран.

– Не се плашиме од американските санкции, навикнати сме на нив. Тоа нема да влијае на нашата политика на кој било начин. Нашата соработка со Иран е повеќекратна, одбранбената соработка ќе напредува во зависност од потребите и меѓусебната волја на двете земји, рече Рјабков.

Како што пренесуваат странските агенции, САД на 21 септември ќе санкционираат 20 лица поврзани со иранската програма за нуклеарно, ракетно и конвенционално оружје. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close