Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Рјабков: Предлогот на Трамп за проширен самит на Г7 е интересен за Русија

Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп да се одржи проширен самит на групата Г7, на кој ќе учествуваат Русија, Австралија, Индија и Јужна Кореја, е интересен за Москва, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков во интервју за агенцијата ТАСС.

Москва, 26 јуни 2020 (МИА)Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп да се одржи проширен самит на групата Г7, на кој ќе учествуваат Русија, Австралија, Индија и Јужна Кореја, е интересен за Москва, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков во интервју за агенцијата ТАСС.

Рјабков рече дека Русија генерално верува дека форматот Г7 е застарен и дека не ја одразува рамнотежата на силите на меѓународната сцена.

– Верувам дека Г7, како што беше претставено од американската страна, одразува еднострано гледање на проблемите, само затоа што Кина не е меѓу оние што се поканети во таа група, рече Рјабков.

Белата куќа на 30 мај соопшти дека Трамп го одложи самитот на Г7 до септември, планирајќи да ги покани и Русија, Јужна Кореја, Австралија и Индија да присуствуваат на настанот. Канада и Велика Британија се спротивставија на иницијативата за влез на Русија во Г7, додека Јужна Кореја и Австралија ја прифатија поканата на американскиот лидер. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close