Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Рјабков: Нема напредок во руско-американските односи

Односите меѓу Москва и Вашингтон не напредуваа во ниту една област во последните години, со ретки исклучоци, а американските политичари не ја гледаат Русија како партнер, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков на онлајн форумот „Примаков Ридингс“.

Москва, 25 јуни 2020 (МИА)Односите меѓу Москва и Вашингтон не напредуваа во ниту една област во последните години, со ретки исклучоци, а американските политичари не ја гледаат Русија како партнер, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков на онлајн форумот „Примаков Ридингс“.

За жал, ние во основа не можеме да именуваме ниту едно поле на билатерални односи и пристап на Москва и Вашингтон кон меѓународните прашања, со ретки исклучоци, каде што е постигнат јасен и видлив напредок во последните години, рече Рјабков.

Како што пренесува агенцијата ТАСС, рускиот дипломат вели дека тоа била единствената ситуација за време на подолг период на руско-американски или советско-американски односи.

Според него, во моментот американските власти ја гледаат Русија како политички проблем и не разгледуваат можност за партнерство со Москва, дури и на минимална агенда.

– За жал, нема сомнение дека Русија се смета за негативен фактор во американскиот домашен контекст, посочи Рјабков. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close