Svet.SlajderСветСвет.Портал

Путин со надеж дека дијалогот за Либија ќе продолжи

Рускиот претседател Владимир Путин на денешната средба во Берлин со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган изрази надеж дека дијалогот за Либија ќе продолжи и оти конфликтот во земјата ќе биде решен.

Берлин, 19 јануари 2020 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин на денешната средба во Берлин со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган изрази надеж дека дијалогот за Либија ќе продолжи и оти конфликтот во земјата ќе биде решен.

– Да не губиме надеж дека дијалогот ќе продолжи и да не штедиме напори за решавање на овој конфликт, рече Путин на средбата со Ердоган, одржана на маргините на состанокот во Берлин.

Тој додаде дека Русија и Турција презедоа добар чекор кога повикаа на прекин на огнот во Либија, со што беа создадени предуслови за одржување на конференцијата во Берлин.

Во Берлин денеска се собраа клучните фактори во долгогодишната граѓанска војна во Либија, во обид да се спречи мешањето на странски воени сили, да се консолидира примирјето и да се помогне во повторното започнување на политичкиот процес за иднината на оваа северноафриканска држава.

Германската канцеларка Ангела Меркел ги покани лидерите на 12 земји, како и Обединетите нации, Европската унија, Африканската унија и Арапската лига на самит во германскиот главен град. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close