Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Путин следеше воени маневри на Црноморската и Северната флота

Рускиот претседател Владимир Путин од крстосувачот „Маршал Устинов“ денеска ги надгледуваше заедничките воени вежби на руската Црноморска и Северна флота во Црно море. 

Москва, 9 јануари 2020 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин од крстосувачот „Маршал Устинов“ денеска ги надгледуваше заедничките воени вежби на руската Црноморска и Северна флота во Црно море.

Во текот на вежбите, два ловца „Миг-31К“ извеле целно гаѓање со хиперсонични балистички ракети Кинжал.

Посадите на фрегатите „Адмирал Григорович“, малиот ракетен брод „Орехово-Зујево“ и подморницата Колпино, извеле лансирање на крстосувачки ракети Калибр, пренесе Тасс.

Во вежбите учествуваат повеќе од 30 бродови , една подморница и над 30 авиони на руските воздухопловни сили. сд/

Back to top button
Close
Close