Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Путин: Русија може и сама да го изгради „Северен поток 2″

Руската федерација ќе го заврши гасоводот „Северен поток 2" дури ако мора тоа да го направи сама, соопшти рускиот претседател Владимир Путин по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел.

Москва, 11 јануари 2020 (МИА) – Руската федерација ќе го заврши гасоводот „Северен поток 2″ дури ако мора тоа да го направи сама, соопшти рускиот претседател Владимир Путин по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел.

Меркел се наоѓа во еднодневна посета на Москва на покана на Путин, пренесе Тасс.

-Да, со сигурност ќе можеме сами да го завршиме гасоводот, без да има потреба од учество на странски партнери. Времето е единственото прашање што се појавува во овој однос, рече Путин на заедничката прес конференција со Меркел.

Рускиот претседател, сепак, призна дека е можно завршувањето на градежните работи на гасоводот да задоцни неколку месеци.

-Се надевам дека до крајот на годината или во првите три месеци од следната година работата да биде завршена и гасоводот да проработи, прецизираше Путин.

Русија ја цени позицијата на Германија во поддршката на проектот „Северен поток 2″, додаде тој.

-Односите меѓу Русија и Германија вклучуваат серија големи заеднички проекти во областа на енергетиката. Ние високо ја цениме одговорната позиција на германската Влада во поддршката на „Северен поток 2“ , изјави Путин.

Проектот „Северен поток 2″ треба да биде реализиран и покрај санкциите, што САД ги имаат наметнато, изјави германската канцеларка Ангела Меркел за време на заедничката  прес конференција со рускиот претседател.

-Тоа е пред се економски проект. Веруваме дека „Северен поток 2″ се уште може да биде завршен и покрај американските санкции. Сакам да повторам дека за сите политички конфликти со САД санкциите не ги сметаме за правилни и затоа го поддржуваме овој проект како и претходно, дополни германската канцеларка. сд/

Back to top button
Close
Close