Svet.SlajderСветСвет.Портал

Путин предлага самит 5+1 со Иран

Путин го даде предлогот додека Советот за безбедност разговара за нацрт-резолуцијата на САД за проширување на меѓународното ембарго за продажба на оружје во Техеран. Ембаргото официјално истекува на 18 октомври.

Москва, 14 август 2020 (МИА) –  Претседателот на Русија Владимир Путин предложи самит на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН со Германија и Иран, посветен на иранското прашање.

Путин го даде предлогот додека Советот за безбедност разговара за нацрт-резолуцијата на САД за проширување на меѓународното ембарго за продажба на оружје во Техеран. Ембаргото официјално истекува на 18 октомври.

„Разговорите во Советот за безбедност на ОН за иранското прашање стануваат се потензични. Ситуацијата се влоши“, рече Путин, кој ги осуди „неоснованите обвинувања против Иран“.

Рускиот претседател ја осуди и нацрт-резолуцијата со која се планира „да се поништат претходните едногласни решенија на Советот за безбедност“.

Во тој контекст, Русија предлага да се организира онлајн состанок на шефовите на држави или влади на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН што е можно поскоро, во кој се Русија, САД, Франција, Велика Британија, заедно со Германија и Иран. зш/

Back to top button
Close
Close