ЕвропаЕвропа.Портал

Путин потпиша указ – Русија доби нова Влада

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ за составот на новата Влада предводена од Михаил Мишустин.

Москва, 21 јануари 2020 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ за составот на новата Влада предводена од Михаил Мишустин.

До декретот на рускиот претседател предвидено е премиерот Мишустин да има девет заменици во новата Влада.

Мишустин вечерва ќе свика и прва седница на новата Влада.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров ги задржаа своите функции, соопшти Кремљ.

Путин го назначи Андреј Белоусов, неговиот економски советник од 2013 година, за прв вицепремиер.

Путин рече дека целта на новата влада е да се подобри благосостојбата на граѓаните. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close