ЕвропаЕвропа.Портал

Путин: Пандемијата предизвика длабока криза во Русија, но одговорот беше соодветен

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус во земјата е длабока, со негативни импликации за граѓаните.

Москва, 16 јули 2020 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин смета дека кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус во земјата е длабока, со негативни импликации за граѓаните.

– Длабочината на кризата се покажа како сериозна, асо големи негативни импликации за граѓаните, рече изјави денеска Путин на состанокот посветен на федералниот буџет за 2021 година и плановите за периодот 2022 и 2023 година, јави ТАСС.

Сепак, Путин изрази задоволство од одговорот на кризата. – Не беше без проблеми, ниту беа пречки, но главно ги погодивме вистинските точки, вклучувајќи директни средства за семејствата со деца, зголемување на бенифициите за невработените, отпишување давачки, зголемен број нарачки за фирмите во клучните индустрии и цел сет други мерки, потенцираше Путин. ссм/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close