ЕвропаЕвропа.Портал

Путин не добил покана да учествува на одбележувањето 75 години од ослободувањето на Аушвиц

Рускиот претседател Владимир Путин не добил покана да учествува на одбележувањето 75 години од ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Москва, 27 јануари 2020 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин не добил покана да учествува на одбележувањето 75 години од ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Не, Владимир Путин не е поканет, им изјави Песков на новинарите не изнесувајќи повеќе детали.

Тој потсети дека Русија ќе ја претставува амбасадорот на земјата во Полска.

Денешната комеморација ќе биде одржана на територијата на некогашниот концентрационен логор во кој нацистите убија околу 1,3 милиони луѓе, меѓу кои повеќе од милион Евреи, а кој на 27 јануари 1945 година го ослободи руската Црвена армија.

На комеморацијата ќе присуствуваат претставници на 54 држави во светот, вклучувајќи повеќе претседатели, премиери, претседатели на парламенти, министри, меѓународни организации, како и околу 200 преживеани. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close