Svet.SlajderСветСвет.Портал

Путин и Нетанјаху за „договорот на векот“ и за Сирија

Москва, 30 јануари 2020 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и рускиот претседател Владимир Путин разговараа денеска во Кремљ за американскиот „договор на векот“, неговото влијание во регионот и решавање на палестинско-израелските судири, како и за актуелните случувања во Сирија.

– Тоа беше долг и содржаен разговор околу деталите од „договорот на векот“ и неговото влијание во регионот. Покрај тоа, лидерите разговараа и за развојот на ситуацијата во Сирија и неоходната координација меѓу Израел и Русија, наведуваат извори од израелската делегација.

Нетанјаху допатува во Москва на состанок со Путин набрзо по посетата на Вашингтон, каде разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп во вторникот го претстави својот долго најавуван план за Блискиот Исток, кој повикува на создавање палестинска држава со престолнина во источен Ерусалим, нагласувајќи дека тоа е добитна комбинација и за Израел и за Палестинците. Тој порача дека планот е „историска шанса“ за Палестинците да добијат своја независна држава.

Нетанјаху го поздрави мировниот план на Трамп, нарекувајќи го „одличен“ и оценувајќи дека претставува „реален пат кон траен мир“.

Сите палестински фракции, меѓутоа, го отфрлија планот, а претседателот Махмуд Абас истакна дека „палестинскиот народ не е на продажба“. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close