Svet.SlajderСветСвет.Портал

Путин и Макрон со повик до завојуваните страни во Либија на прекин на огнот

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот француски колега Емануел Макрон ги повикаа завојуваните страни во Либија да го прекинат огнот и да се вратат на масата за преговори.

Москва, 26 јуни 2020 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот француски колега Емануел Макрон ги повикаа завојуваните страни во Либија да го прекинат огнот и да се вратат на масата за преговори.

Путин и Макрон разговараа по телефон, јави ДПА, потсетувајќи дека во четвртокот Франција, Германија и Италија ги повикаа завојуваните страни во Либија за прекин на огнот.

Трите држави во четвртокот ги предупредија другите надворешни фактори да престанат да се мешаат во либискиот конфликт, со цел да се создаде поволен услов за враќање на завојуваните страни на политички дијалог. зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close