СветСвет.Портал

Путин и Ердоган разговараа за деескалација на кризата во Сирија

Кремљ соопшти дека на барање на Анкара, рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган телефонски разговараа за деескалација на кризата во Сирија

Анкара, 12 февруари 2020 (МИА) – Кремљ соопшти дека на барање на Анкара, рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган телефонски разговараа за деескалација на кризата во Сирија.

– Во разговорот беше потенцирано значењето на целосна примена на руско-турскиот договор, вклучително и меморандумот од Сочи, потпишан на 17 септември 2018 година. Се разгледуваа различни аспекти за уредување на сириската криза, првенствено влошената ситуација во зоната за деескалација во Идлиб, соопшти Кремљ.

Ердоган претходно побара од Путин да изврши притисок врз сирискиот претседател Башар ал Асад за тензичната ситуација со турските набљудувачки пунктови во Идлиб. Тој бара сириската армија да го запре напредувањето во провинцијата Идлиб и да се повлече од турските набљудувачки пунктови до крајот на февруари.

Турција ќе ги нападне сириските владини сили каде било во северна Сирија, ако уште еден турски војник биде повреден, изјави претходно Ердоган.

Тој додаде дека Турција е одлучна до крајот на февруари да ги потисне сириските владини сили зад турските набљудувачки пунктови во северозападната покраина Идлиб.

– Тоа ќе го направиме на кој било начин, од воздух или од земја, посочи Ердоган.

Дел од руските медиуми објавија дека сириската армија ги опколува турските набљудувачки пунктови во Идлиб. ми/

 

Таг
Back to top button
Close
Close