ЕвропаЕвропа.ПорталСвет.Слајдер

Путин и Ердоган: Потребни се нови мерки во Сирија

Претседателите на Русија и Турција Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган за време на телефонскиот разговор се договорија дека е потребно да се воведат нови мерки за да се намалат тензиите и да се нормализира ситуацијата во северозападна Сирија, соопшти Кремљ.

Москва, 28 февруари 2020 (МИА) – Претседателите на Русија и Турција Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган за време на телефонскиот разговор се договорија дека е потребно да се воведат нови мерки за да се намалат тензиите и да се нормализира ситуацијата во северозападна Сирија, соопшти Кремљ.

Во соопштението од Кремљ се посочува дека Путин и Ердоган се договориле да организираат состанок на највисоко ниво, на кој ќе разговараат за ситуацијата во Идлиб што во моментов ја оценија како многу сериозна.

Причината за телефонскиот разговор на Путин и Ердоган е вчерашниот напад на сириските сили во Идлиб каде загинаа 33 турски војници и ранети се уште 32 војници.

Веднаш потоа, турската војска изведе копнени и воздушни напади на позициите на сириските сили. „Нашата војска, со поддршка од воздух и од копно, изведува напади на позициите на режимот (на сирискиот претседател Башар ал Асад). Ќе продолжиме со напади“, беше соопштено од кабинетот на претседателот на Турција. ки/ссм/

Back to top button
Close
Close