0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталОпштество

Пуштена за сообраќај делницата Штип-Крупиште

Делницата Штип – Крупиште, која е дел од експресниот пат во изградба Штип - Кочани, е пуштена за сообраќај, информираа попладнево од Јавното претпријатие за државни патишта.

Скопје, 13 јули 2020 (МИА) – Делницата Штип – Крупиште, која е дел од експресниот пат во изградба Штип – Кочани, е пуштена за сообраќај, информираа попладнево од Јавното претпријатие за државни патишта.

– Посакувајќи им пријатно и удобно возење на учесниците во сообраќајот на експресниот пат на делницата Штип (клучка Три Чешми)-Крупиште, сакаме да им посочиме патниот правец да го користат согласно со одобрениот времен режим и да се почитува поставената патна сообраќајна сигнализација. Обезбедуваме модерна, сигурна и безбедна врска со Источниот регион, се вели во соопштението од ЈП за државни патишта. бак/нд/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close