Општински вестиСкопје

Пуштена во употреба целосно реконструирана кујна во градинката „Буба Мара“ во Аеродром

Пуштена е во употреба целосно реконструираната кујна во објектот „Пчелка 2“ во населба Лисиче, во рамките на детската градинка „Буба Мара“. Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, и претседателката на Советот, Ивана Цветковска, денеска извршија увид на кујната која е за прв пат обновена од изградбата на објектот во 1980 година.

Скопје, 27 мај 2021 (МИА) – Пуштена е во употреба целосно реконструираната кујна во објектот „Пчелка 2“ во населба Лисиче, во рамките на детската градинка „Буба Мара“. Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, и претседателката на Советот, Ивана Цветковска, денеска извршија увид на кујната која е за прв пат обновена од изградбата на објектот во 1980 година.

Реконструкцијата на кујната, која е со површина од 67 квадратни метри, опфати целосна замена на електричната и водоводната инсталација, плочките, таванот, како и сите врати..

Реконструкцијата на кујната е дел од првата фаза, а со проектот во втората фаза е предвидена реконструкција и обновување на подовите во занималните и во сите други простории во објектот „Пчелка 2“. Ќе бидат поставени нови ПВЦ-подови, кои се антиалергени и антибактериски, соопшти од Општина Аеродром.

Back to top button
Close
Close