0_Спорт.ПорталФудбал

Пулишиќ не се плаши од конкуренција

„Сините“ може да се интензивираат во зима откако ќе биде укината нивната забрана за трансфери, по жалбата до Спортскиот арбитражен суд (КАС). Сепак, лондонскиот менаџер изјави дека клубот ќе ги купи само оние играчи за кои верува дека ќе одговараат на неговата филозофија за развој на „Стемфорд Бриџ“.

Лондон, 2 декември 2019 (МИА) – Кристијан Пулишиќ изјави дека составот на Челзи е подготвен да се натпреварува за место во стартните 11 со новите засилувања,кои се очекуваат во јануарскиот преоден рок.

„Сините“ може да се интензивираат во зима откако ќе биде укината нивната забрана за трансфери, по жалбата до Спортскиот арбитражен суд (КАС). Сепак, лондонскиот менаџер изјави дека клубот ќе ги купи само оние играчи за кои верува дека ќе одговараат на неговата филозофија за развој на „Стемфорд Бриџ“.

– Нормално е тимовите да сакаат да се подобрат и ако влезат нови играчи, ќе има конкуренција за стартните места. Ќе бидеме подготвени за ова и се надеваме дека ќе имаме играчи кои ќе дојдат кај нас и ќе ни помогнат, изјави американскиот репрезентативец.

Тој додаде и дека треба да биде попрецизен пред противничките голови.

– Дефинитивно можам да се подобрам во последната третина за одлучувачки пас или гол. Против Брајтон, започнавме одлично, имавме предност, но не успеавме да постигнеме втор или трет гол за да ја убиеме неизвесноста. Ни недостасува тој убиствен инстинкт пред голот на противникот, заклучи тој.

Таг
Back to top button
Close
Close