0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

Пукано во полициски службеник во Скопје

Во СВР Скопје денеска е пријавено дека во 17:00 часот на ул.„Методија Митевски“ пред продажен објект, полицискиот службеник Ј.Ј., кој во моментот не бил на работа, се обидел да запре две лица за кои се посомневал дека ќе извршат кривично дело во објектот.

Скопје, 8 декември 2019 (МИА) – Во СВР Скопје денеска е пријавено дека во 17:00 часот на ул.„Методија Митевски“ пред продажен објект, полицискиот службеник Ј.Ј., кој во моментот не бил на работа, се обидел да запре две лица за кои се посомневал дека ќе извршат кривично дело во објектот.

Како што потврдија за МИА од МВР, кон полицаецот бил испукан проектил од огнено оружје, при што тој се здобил со повреда во раката и бил префрлен во здравствена установа за укажување на лекарска помош. дма/

Back to top button
Close
Close